Copyright © 2010 by "DEKO"  ·  E-Mail: makedonskirubin@gmail.com
МАКЕДОНСКИОТ  РУБИН  -   моќниот зрак на нашето срце ...
          Се работи на инволвирањето на сите државни фактори да придонесат МАКЕДОНСКИОТ РУБИН да стане достапен за секој турист, затоа што тоа е еден од најдобрите начини за извоз и негова промоција во светот. Цените се достапни, од 600 денари, колку што чинат приврзоците, па нагоре, во зависност од тоа каков метал се вградува. Накиотот е уникатен и се изработува рачно. Бојата на македонскиот рубин може да ја изрази и  состојбата на нашето духовно битие. Катрина Рафаел, еден од доајените на кристалотерапијата во светот, вели дека ова е еден од најмоќните зраци за лекување на енергетскиот центар на срцето.
ФИЛИГРАН  сребро 950
КРСТ  злато 14
ТРИО  прстен злато 14
ЦВЕТ  филигран сребро 950
ПРИВРЗОК ВО ЗЛАТО
подарок од свекрва за снаа
ПРСТЕН  злато 18
Рубин како подарок неодамна доби и гостинката на годинашниот фестивал на филмската камера „Манаки“ во Битола, холивудската актерка Дерил Хана. Идеја на Филмскиот фонд на Македонија.
Македонскиот Рубин се наоѓа во Резиденцијата на Претседателот на Република Македонија, проф. Ѓорге Иванов. Идеја за создавање нов, препознатлив дипломатски подарок.
До сега неколку светски познати личности го добиле на подарок Македонскиот розов Рубин:
Папата Бенедикт XVI има добиено крст од Македонски Рубин во 18-каратно злато, вграден од артистот Владо Гава ( мај 2009 ).
Од ноември 2010, примерок од Македонскиот Рубин има и големиот индиски јоги,
Парамханс Свами Махешварананда - Свамиџи.
Паула Мореленбаум има 10 годишно искуство во оркестарот на Антонио Карлос Жобим. За време на овогодишното гостување на Скопскиот Џез Фестивал (2010), доби филигранска ѕвезда со Македонски Рубин.
Летото 2008 Република Македонија ја посети кралското семејство на народот Хунзи од Пакистан. Филигранскиот цвет со Македонски Рубин и осум Амазонити од Мариово беше подарен на приинцезата Рани Атика од организаторите.
Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска беше воодушевена од идејата за вградување на Македонскиот Рубин во рачно изработениот македонски накит.
И сопственикот на леарницата во Фиренца, Маринели, каде што се леени лавовите на македонскиот скулптор Константин Јанев, го доби ова скапоцено камче.
МУДРОСТА  НА  ПЛАНЕТАТА  ЗЕМЈА ...
        Речиси од самиот почеток на работата на Дуќанчето за кристали во Скопје (2002 год), ни беше неколкукратно предложено да го воведеме и Македонскиот Рубин.

        Мојата прва реакција беше проследена со сомнеж  дека се работи за вистински природен рубин. Си велев: “најверојатно е некоја импровизација во номинацијата на името на каменот, како Што често се случува на пазарот. Рубинот е посебно важен скапоцен камен, па ако го имаме, сигурно тоа веќе би било на Широко познато. Барем како и Охридскиот Бисер”.

        Пронајдовме неколку грутки кои започнав да ги презентирам каде и да патував, барајќи мислење  од експертите за таа област. На крајот ме поттикна нивниот  одговор: “момче, од каде и да потекнува тој камен, знај дека не е со највисок квалитет, но тоа е РУБИН!”

Вчудоневиден си реков: “Мораме да се обидеме финално да го обработуваме дома, во Македонија!!!”

        Така, по неколку години консултации и инвестиции, на пролетниот базар на ракотворби во Старата скопска Чаршија, се појави прстенот со
Македонски Рубин, окован во сребро, веќе продаден на една фина дама. И...  ја освои наградата за најдобар производ.  Сител, веста  ја објави во ТВ Дневникот, а Време на насловната Страница.

        Наредната година и пол се обидувавме да ја усовршиме техниката за обработка, мачејќи мака со постигнувањето на роковите за нарачаните примероци.
Во истиот период и скромно започна неговата јавна промоција при секој настап во медиумите. Во тоа не беа вложени дополнителни финансиски средства.

        Денес,  дел од заинтересираната публика за квалитетниот накит веќе знае за Македонскиот Рубин и можноста да се изработи уникатен примерок накит.

        Изработката на овој веб сајт е исто така дел од  проектот
МАКЕДОНСКИОТ РУБИН и негово издигнување до ниво на препознатлив македонски скапоцен камен со сертифицирано географско потекло!
* Коментарот ќе биде објавен по одобрување од Администраторот
Коментар:




СРЦЕТО  НА  МАКЕДОНИЈА
Made in Macedonia_2 20-05-2011
Филигрански брош со Македонски Рубин 4.400 ден МК Рубин - 2 прстена, 3.500 ден и 4.800 ден (поголемиот десно) Македонски Рубин и Амазонит - Прстен 4.600 ден МАКЕДОНСКИ РУБИН - Прстен 3.500 ден МАКЕДОНСКИ РУБИН - Прстен филигран 3.500 ден Лапислацули - Прстен во сребро - 4.500 ден Лапислацули - сребрен прстен 4.500 ден Малахит - фигура Слон 3.000 ден Килибарна огрличка за Вашето Бебе, 1.500 ден МК Рубин, фасетиран ( 44 ct )  прстен - ковано сребро 925     12.200.-  ден МК Рубин и Амазонит, ковано сребро 925    8.000.- ден МК Рубин цвет со жичка   4.800.- ден МК Рубин обетки „СОНЦЕНЦА“   2.900.- ден Розев кварц, приврзок во ковано сребро 925       2.200.- ден
цена  4.400.- ден
МК Рубин и Амазонит, ковано сребро 925 ‰   8.000.- ден
МК Рубин обетки „СОНЦЕНЦА“   2.900.- ден




Од неодамна Македонски Рубин има и министерката за евроинтеграции Теута Арифи.
Комплет сребрени лажички со Македонскиот  Рубин, во колекцијата за чај на Председателот д-р Ѓорге Иванов
Од неодамна Македонски Рубин има и познатата француска актерка Кетрин Денев.
Македонски Рубин како  подарок доби и градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митревски
Со Македонски Рубин, се закити и ѕвездата на филмскиот фестивал, „Браќа Манаки“ 2013, Изабел Ипер.
Free Web Counter
Вкупно посети