Copyright © 2010 by "DEKO"  ·  E-Mail: makedonskirubin@gmail.com
УПОТРЕБА НА КРИСТАЛИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

          Чичко Киро е инженер архитект, експерт за урбанизам на Скопје. Неговото повеќедецениско животно искуство во архитектурата и во областа на животниот простор, во последните 20 години е надградено и со ангажманите за употреба на кристалите во заштитата на животниот и работниот простор од неповолните енергетски влијанија на комплексот фактори.

Средби и консултации со чичко Киро, најчесто во Петок, или секој ден по договор.

Инфо тел: 02/2466-352, 070/937-839


Кои кристали најчесто се употребуваат?


Во досегашната практика најчесто ги употребуваме следните кристали :

Горски кристал – чист, проѕирен, енергетски многу јак, употребуван во сите случаи;

Аметист – виолетов, проѕирен, енергетски чист;

Цитрин – златно-жолт, проѕирен, енергетски мошне ефикасен;

Калцедон – светло-син до небесно-син, непроѕирен;

Ахат – кристал што се наоѓа во многу нијанси и бои, проѕирен со прекрасна структура на шари;

Авентурин – најчесто зелен, помалку проѕирен;

Карнеол – црвенкаст до жолтникав, проѕирен, енергетски јак.

         При заштита на просторот не се врши разместување на мебелот, бидејќи заштитата со кристалите го покрива сиот простор како градежна целина. Трошоците за одржување на кристалите и цената на кристалите е значително помала во однос на вредноста на средствата за заштита што се познати во Македонија, а ефектите во заштитата на просторот што се постигнува со кристалите се многу поголеми.

КРИСТАЛИТЕ - ХАРМОНИЗАТОРИ  НА  ЕНЕРГИЈАТА  ВО  ПРОСТОРОТ